Американската конгресменка не сака да влезе во Израел врз „хуманитарна основа“

Од:

Американксата демократска конгресменка од палестинско потекло Рашида Тлаеб денеска изјави дека нема да го посети семејството на Западниот брег бидејќи Израел и издал дозвола за влез во земјата врз хуманитарна основа, истакнувајќи дека израелските „диктаторски мерки“ биле смислени за да ја понижат.

Израел и забрани на Тлаеб и на уште една членка на американскиот Конгрес да ги посетат Ерусалим и Западниот брег заради нивната поддршка на меѓународните движења кои се залагаат за бојкот на еврејската држава, но по силната врева што се крена во меѓународната заедница, израелските власти, сепак, денеска соопштија дека таа може да го посети семејството на Западниот брег врз хуманитарна основа.

Израелското Министерство за внатрешни работи објави и писмо кое, наводно, го потпишала Тлаеб, а во кое таа ветува дека во текот на посетата нема да пропагира бојкот на Израел, пренесоа американските медиуми.

Рашида Тлаеб во своето соопштение наведе дека срцето на нејзината баба ќе биде скршено доколку таа ја посети на Западниот брег под вакви „дикаторски услови“, чија цел е да ја понижат.

-Да ме замолчат така што ќе ме натераат да се почуствувам помала, таа тоа не го сака за мене. Тоа ќе убие дел од мене, делот кој секогаш е против расизмот и неправдата, наведе американската конгресменка.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски