Русковска ја повика Јанева во вторник на распит за „Рекет“

Од:

Специјалната обвинителка Катица Јанева во вторник ќе треба да се појави во Основното јавно обвинителство, каде пред Вилма Русковска ќе треба да одговори која е нејзината улога во случајот „Рекет“, потврдија за „А1он“ од Обвинителството за организиран криминал и корупција.

Распитот на Јанева доаѓа еден месец по отворањето на истрагата за „Рекет“ каде засега осомничени се само Бојан Јовановски познат како Боки 13 и Зоран Милевски познат како Зоки Кичеец. Според Обвинителството, двајцата се сомничат дека изнудувале рекет од бизнисменот Орце Камчев, а за возврат тој требало да биде ослободен од истрагата за случајот „Империја“. Уште по отворањето на истрагата, обвинителката Русковска рече дека постои можност истата да се проширува.

Досега сведочеа обвинителката Лиле Стефанова која го води случајот „Империја“ и обвинителката Елизабета Јосифовска која како заменик на Јанева потпишала решение за отфрлање на притвор за Орце Камчев.

Утре во Обвинителството за организиран криминал треба да се појави обвинителот Бурим Рустеми кој треба да даде исказ за случајот „Рекет“.

Би можело да ве интересира

Обвинителство: Нова истрага за злоупотреби во РЕК Битола, кривична против осум физички и едно правно лице за злоупотреби

Горан Наумовски

Обвинителството бара притвор за маж од Виница кој со камења на познаник му го скрши черепот и е во кома

Горан Наумовски

Поднесено обвинение за убиството на турски државјанин во Штип

Предраг Петровиќ

Полицијата уапси турски државјани кои рекетирале сонародник, од жртвата барале 40.000 евра

Горан Наумовски

Сакал да го рекетира градоначалникот на Неготино, па му пишувал смртни закани

Горан Наумовски

Истражителите уапсија рекетар од Битола: Од познаник сакал да земе 2.000 евра

Горан Наумовски