Со сослушување сведоци на одбраната продолжи судењето за „ТНТ“

Од:

Со сослушување на сведоци предложени од одбраната денеска во Основниот кривичен суд во Скопје продолжи судењето за случајот „ТНТ“ на Специјалното јавно обвинителство кој се однесува на уривањето на станбено-деловниот комплекс „Космос“ на бизнисменот Фијат Цаноски.

Пред почетокот на судењето, веднаш по констатирањето на присутните претседателот на судечкиот совет, судијата Огнен Ставрев рече дека на една минута пред да влезе на судење добил барање за изземање на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева поднесено од обвинетиот Тони Трајковски.

Ставрев рече дека денешното судење ќе продолжи, а судот дополнително ќе се изјасни по барањето, кое како што рече, немал време да го разгледа.

Рочиштето продолжи со сослушување на првиот сведок Светлана Јовановска, предложена од одбраната.
Јовановска е стручно лице дипломиран архитект, вработена во Општина Гази Баба во секторот за урбанизам. Во 2010 била одговорен општински урбанистички инспектор, а во декември истата година станала раководител на Секторот за урбанизам во Општина Гази Баба.

На денешното рочиште треба да сведочат и Елисавета Ристовска Петрова и Соња Маневска.

Во предметот „ТНТ“, меѓу обвинетите се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, како и поранешниот градоначалник на Општина Гази Баба, Тони Трајковски.

Според обвинението на СЈО, обвинетите во 2011 година сториле кривично дело од политичка омраза со уривање на комплексот „Космос“ на Фијат Цаноски. Случајот се наоѓа во доказна постапка, а застапник на обвиненито е Бурим Рустеми од СЈО.

Би можело да ве интересира

Ниту една пријава до обвинителство за изборите – изборниот ден мина мирно

Анита Петровска Рајковиќ

Обвинителството чека извештај за претресите во Идризово, официјална потврда за ископаните тунели се уште нема

Татко ги терал децата да питачат, а парите ги трошел во казино – доби пријава

Анита Петровска Рајковиќ

(ВИДЕО) Обвинителството задоволно од пресудата во случајот со грабнувањето на Костадиновски

Орце Костов

Обвинителство: Институциите да се воздржат од споделување информации, убиецот на докторот од Железара не е откриен

Орце Костов

Притворените за убиството на лекарот ќе бидат пуштени – нема докази дека се извршители на делото

Анита Петровска Рајковиќ