Трамп се премисли и нема да го помилува Благојевиќ

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп нема да го скрати затворскиот рок на Род Благојевиќ. Поранешени гувернер на Илиноис, откако се соочи со поплаки од неколку демократски и републикански конгресмени од оваа сојузна држава.

Според „Си-Ен-Ен“ конгресмените се обратиле до шефот на Кабинетот на Трамп Мик Малвејни, и советникот Пат Ципалоне, додека републикански членови на Конгресот од Илиноис објавија заедничка изјава.

Според нив, за време на своето гувернерство Благојевиќ направил сериозни криминални дела. Тие го повикаа Трамп да не го помилува „бидејќи тоа ќе прати погрешна порака до гласачите за корупцијата кај јавните функционери“.

Трамп бил информиран дека Благојевиќ досега не се покајал за своите злодела.

-Посакував да ја знам позадината на ова претходно, изјавил наводно Трамп во разговор со конгресмено Мајкл Бост.

Еден од најважните криминали на Благојевиќ беше обидот за продажба на сенатската фотеља на поранешниот претседател Барак Обама, откако тој замина од Сенатот и стана претседател. Друго криминално дело е заканата дека ќе блокира милиони долари за изградба на детска болница ако раководителот на тој проект не напише чек за негова кампања во висина од 25 илјади долари.

Благојевиќ одлежува 14-годишна затворска казна.

Трамп минатата недела за време на патување во претседателскиот авион изјави дека седум години затвор од 14 биле доволни за поранешниот гувернер. Според официјално лице во Администрацијата, Белата Куќа го подготвувала помилувањето на Благојевиќ неколку месеци.

Би можело да ве интересира

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски

Торнадото во Оклахома однесе најмалку два животи, четворица повредени