Стефанова: Се што знам за „Рекет“ кажав пред обвинителката

Од:

Обвинителката Лиле Стефанова по распитот во Обвинителството кој траеше 5 часа рече дека кажала се што знаела. Таа рече дека пред надлежната обвинителка Ивана Трајчева објаснила за случајот „Империја” и поврзаноста на предметот со случајот “Рекет”.

„Сосема сум свесна за oгромниот интерес на јавноста и сите допирни точки на рекет со „Империја“. Се што може да кажам јас го споделив во даденото соопштение во петокот. Дојдов овде во 9 часот до сега како сведок. Се што ми е познато за случајов кажав. Имајќи го впревид дека сум сведок не можам да дадам друга изјава”, рече Стефанова.

Oбвинителката од СЈО не даде одговор на новинарските прашања и по изјавата замина.

Стефанова и специјалната обвинителка Катица Јанева беа спомнати во снимените разговори и видеата што ги објави интернет-изданието на италијанскиот весник „Ла верита”, а во врска со случаите „Рекет” и „Империја”.

Лиле Стефанова е обвинителката за предметот „Империја“, каде што осомничени се Орце Камчев и Цветан Панделески. Во една од снимките што се објавени од италијанскиот весник „Ла верита”, поврзани со случајот „Рекет”, шефицата во оставка на СЈО, Катица Јанева, вели дека ја има под контрола Лиле Стефанова, обраќајќи му се на бизнисменот Орце Камчев, кој е осомничен во предметот „Империја”, кој го води Стефанова.

Обвинителката Стефанова преку писмена изјава во изминатите денови рече дека Јанева без нејзино знаење носела одлуки за случајот „Империја”, потсетувајќи дека барањето за издавање времен пасош било одобрено без таа да дaде согласност. Дополнително, обвинителката Јанева на состанок со обвинителите побарала предметот да се затвори и никој да не оди во затвор.

Би можело да ве интересира

Судската битка продолжува: Одбраната со жалба за „Геријатрија“, Обвинителството тврди дека доказите се цврсти

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Обвинителството бара куќен притвор за судијата од скопска Апелација кај кого беа пронајдени 350.000 евра

Горан Наумовски

Пронајдени соѕидани 350.000 евра во дом на судија од Апелациониот суд во Скопје

Предраг Петровиќ

Полицијата врши претреси на повеќе адреси поради сомнежи за даночна измама

Обвинителството бара притвор за двајца мажи кои силуваa и уценуваa девојче од липковскиот крај