Обвинителката од СЈО Елизабета Јосифовска била повикана во Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција да даде исказ за случајот „Рекет“.
Јосифовска е обвинителката што како заменичка на Катица Јанева го има потпишано решението за му се врати пасошот на осомничениот во случајот „Империја“ Орце Камчев.
Додека Катица Јанева била на одмор, Јосифовска ја заменувала и ги потпишувала сите документи. Како заменичка на Јанева, Јосифовска била должна да ја потпише нејзината одлука.
Според ингеренциите, одлуката, изготвена по налог на Јанева, помошниците на специјалниот јавен обвинител не можат да ја менуваат.
Одлуката за враќање на пасошот на Камчев била донесена додека обвинителката во случајот „Империја“, Лиле Стефанова, била на одмор. Не била известена за одлуката и за истата дознала од Јосифовска.
Јосифовска претходно нагласи дека немала никакви сознанија за моќни криминални дејствија околу враќањето на пасошиот на Камчев. Ништо не било сомнително и не укажувало на предупредување во врска со случајот, кој сега се истражува во „Рекет“