СДСМ: Нема заразени со антракс

Од:

„Нов ден, нова лажна вест од скапоцениот дворец на ВМРО-ДПМНЕ.

Ништо не се менува во опозициската партија. ВМРО-ДПМНЕ продолжува да шири лажни вести, дезинформации и невистини преку кои се обидува да внесе вознемиреност кај граѓаните.

Министерството за здравство јавно потврди дека нема ниту еден граѓанин кој е заразен со антракс“, информираат од СДСМ како реакција на прес-конференцијата на Цветан Трипуновски од ВMРО-ДПМНЕ.

„Како што информира и Агенцијата за храна и ветеринарство, засега болеста е детектирана само кај едно одгледувалиште и навреме се преземени сите потребни мерки за справување со болеста. Угинатите животни под надзор на официјален ветеринар се отстранети, во фармата е извршено темелно чистење и дезинфекција, а донесена е и забрана за влез и излез на животни од и во одгледувалиштето. Соседните одгледувалишта се ставени под надзор на официјален ветеринар и нема нови случаи

Грижата на ВМРО-ДПМНЕ кон граѓаните е лажна и лицемерна. Истата таа партија додека беше власт во 2009 и 2015 година, криеше дека има појава на антракс во општина Сарај, односно Велес.

Денес ВМРО-ДПМНЕ се промовира како симбол на лажни вести и невистини и не нуди ниту една мерка во интерес на граѓаните.

Наместо да пласира измислици и лажни вести, ВМРО-ДПМНЕ да покаже сериозност и да престане да ги вознемирува граѓаните заради ситни дневнополитички поени.“, се наведува во реакцијата на партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар

СДСМ: Јасно е дека кривичната против Јани Макрадули е по нарачка

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски