(ВИДЕО) Трипуновски: Постојат сомнежи дека се појавила заразна болест која може да се пренесе од животно на човек

Од:

Додека по налог на Зоран Заев се менуваат закони за да можат партиските шерифи да градат хотели и ресторани на земјоделско земјиште, постојат сериозни сомнежи дека кај добитокот во делови од Република Македонија се појавила заразната болест антракс, зоонозна болест која многу лесно може да се пренесе од животно на човек, рече Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес-конференција.

„Власта мора да одговори дали е точно дека од угината овца е донесен примерок за испитување на ветеринарниот факултет каде е детектирана болеста антракс и веќе две недели се молчи за оваа ситуација?

Дополнително власта мора да одговори зошто околу 30-ина вработени на Факултетот за ветеринарна медицина ја посетиле инфективната клиника во Скопје и се моментално под терапија.

Дали истите се заразиле од опасната болест и дали е спречено нејзиното ширење, доколку ја има?

Директорот на агенцијата за храна и ветеринарство и министерот Димковски мора да одговорат дали се преземени сите законски мерки за спречување на ширењето на оваа заразна болест и дали жителите од заразеното подрачје се посетени од страна на стручни лица од центарот за јавно здравство за да се заштитат луѓето, или се чека болеста да земе замав и да има последици по животите на граѓаните.

За овој крајно несериозен пристап на директорот на агенцијата за храна и ветеринарство и министерот за земјоделство Димковски мора да има одговорност затоа што сериозно е загрозено здравјето на граѓаните во Република Македонија.

Воедно апелираме Агенцијата за храна и ветеринарство да ги преземе сите потребни протоколи се со цел ставање под контрола на оваа сериозна заразна болест која преставува сериозна закана пред се за граѓаните на Република Македонија, но и за останатиот сточен фонд во Република Македонија.“, наведе Трипуновски во обраќањето.

Би можело да ве интересира

Левица: “Транспарентност“ по вмровски рецепт – ДПМНЕ предлага да платиш за да видиш кој го добил тендерот, итно да се повлече предлог-законот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски