А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Треба да се разјасни за што разговарале Заев и Боки Тредичи

by А1он10/08/2019 - 15:39459
Share0

„Костадин Костадинов како и целокупната власт се во паника. Нивната фарса од истрага за случајот Рекет која требаше да ја покрие вмешаноста на Заев, Кики, Фрики, Шеки и Катица Јанева се распаѓа пред очите на секој граѓанин кој со свои уши може да ги слушне срамните детали од начинот на кој што се злоупотребувани институциите за изнудување на пари. Заев не успеа да се сокрие и да ги изманипулира граѓаните дека само неговиот пријател Боки Тредичи е вмешан во рекетарскиот бизнис без поддршка лично од него и неговите крими пријатели на функција.“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Костадин Костадинов од СДСМ.

Следете a1on на Instagram Instagram

„Смешно, понижувачки и крајно лицемерно изгледа неговото правдање дека правдата ќе излегла на виделина. Сега се гледа вистината.

Сега стана јасно дека Русковска обвинителството ја замрзна истрагата во случајот со рекетарско-политичко-обвинителскиот октопод само за да се заташка целиот скандал, да се форматираат телефони, форензички да се избришат компјутери, да се влијае врз сведоци и докази.

Ако правилно се водеше истрагата досега Катица Јанева ќе беше во притвор, ќе се испитаа средбите и договорите на Зоран Заев и Боки Тредичи, но и ќе се истражеа криминогените активности на невладината Организација Меѓународен Сојуз кај што челува пола врв на СДСМ, вклучително и самиот Костадинов.

Следете a1on на Youtube YouTube

Тоа што Костадинов се крие и од дома дава изјави, покажува колку е исплашен од јавноста. Но нека не се грижи Костадинов, правната држава ќе дојде оној момент кога оваа криминална власт ќе си замине . Тогаш ќе се испита дали има лично тој улога во криминалот на неговиот пријател Боки 13, но и улогата на Шеки, Фрики, Кики и слични ликови од СДСМ кои рекетирале и уценувале со години, овозможувајќи си лична материјална корист.

Патем ќе треба да се разјасни што е тоа кое што Заев и Боки Тредичи го разговарале, а за кое никој не знаел? Кои и какви работи тие двајца менаџирале и што конструирале? Како тоа Заев секогаш кога е осомничен за криминал се вади на евтини финти, па еднаш беше дека разговарал за црквата, сега дека разговарал за хуманитарни акции?

До кога планираат Зоран Заев и Костадин Костадинов вака безобразно да ја манипулираат јавноста и да мачкаат очи на народот?

Одговорност ќе има од сите инволвирани во Октоподот, а Зоран Заев е прв на таа листа.“, се наведува во реакцијата на партијата.

dpmne

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Катерина Ѓуровски29/08/2026 - 12:08

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски24/08/2026 - 13:56

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

Катерина Ѓуровски18/08/2026 - 13:27

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

Катерина Ѓуровски16/08/2026 - 10:32

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски10/08/2026 - 10:4210/08/2026 - 10:51

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски01/08/2026 - 11:5601/08/2026 - 14:05
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео