Иванов го подржа Законот за лустрација

Од:

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов го подржува изгласаниот Закон за лустрација. Го одби барањето на фондацијата Институт отворено општество да не го потпишува законот.

„Го добив и го прочитав писмото, но го прочитав и законот. Секој што обавува јавна функција подлежи на јавна контрола. Македонија со ваков закон и со се што се презема досега создава амбиент дека секој што сака да се бави со јавна функција ќе подлежи и на јавна одговорност“, изјави претседателот Иванов.

Институтот бараше Иванов да не го потпише указот за стапување во сила на законот, бидејќи вела, дека со него само ќе се врши реваншизам на политичките неистомисленици.

Законот минатата недела без консензус, и без гласовите на опозицијата, беше изгласан во Собранието.

Би можело да ве интересира

Уставен суд заглавен, изборот на претседател е во ќор сокак

(ВИДЕО) Лога: Кога може Обама, може и Сиљановска Давкова по вторпат да даде заклетва

A1on

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

A1on

Инаугурацијата на Сиљановска Давкова в недела на пладне

A1on

Силјановска-Давкова: Има ли поголема промена од тоа што жена првпат ќе биде претседател

A1on

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова – 61,98% , Стево Пендаровски – 30,48%

A1on