Полицијата и Обвинителството влегоа во фирмата на советникот Усеини

Од:

СВР Охрид во координација со ОЈО влегле во фирмата „Нефи ИК“, чиј сопственик е советникот во Општина Охрид, Нефи Усеини, дознава „А1он“. Инспектори утринава биле и кај дивоизградената бетонска база која е во сопственост на Нефи Усеини, а се наоѓа на стариот пат Охрид-Струга.

Од Обвинителството засега нема потврда за акцијата која била спроведена, а од МВР велат дека се правени проверки, по претходно отворени истраги.

Охридското обвинителство во март годинава отвори предмет по допрен глас за дивоизградената пицерија на советникот Нефи Усеини. Оттаму пред еден месец за „А1он“ изјавија дека се прибираат податоци и документација.

Против Усеини, Обвинителството води и четири други истраги за вербални и физички напади кои советникот ги извршил во минатите неколку месеци. Тој нападна инспектор од Скопје кој правел увид во дивоградбата, па, колега од Советот на Општина Охрид, референт во банка и последно, професорот Илјаз Илјази.

Антикорупциска отвори и предмет за советникот од ДУИ, во Општина Охрид, Нефи Усеини за дивоградбата кај Чинарот. Велат дека предметот се разгледува и дека штом се заврши ќе се даде заклучокот на Општината.

 

Би можело да ве интересира

Полицијата приведе лице поради сторени кривични дела „разбојништво“ и „разбојничка кражба“, следува кривична пријава

Во 2025 година никнале 911 дивоградби

Катерина Ѓуровски

Инцидент во Црниче: По недоразбирање во сообраќај, возило удрило моторциклист па избегало од местото

МВР санкционираше 16 несовесни возачи, четворица биле под дејство на алкохол

Карабинерите кај Албанец пронајдоа дрога вредна повеќе од 3 милиони евра

А1он

СВР Штип апелира до граѓаните да не бидат мета на измами за лажни операции на нивни блиски