А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ бара истрагата за „Рекет“ да се прошири и кон нарачателите и помагачите, кон СЈО и сите што се вклучени

by А1он06/08/2019 - 08:57164
Share0

Најнеспособната и најкорумпирана Влада предводена од аболицираниот Зоран Заев може само да соборува рекорди во однос на скандали во единица време. Криминалната власт никако не може да биде носител на реформи, особено не во правосудството. Македонија тоне на листите на корупција, а заради криминалците кои рекетираат и местат тендери, гледаме дека името веќе не е единствената пречка за добивање на датум за преговори, наведува ВМРО-ДПМНЕ, преку соопштение.

Следете a1on на Instagram Instagram

ВМРО-ДПМНЕ секогаш е на страната на правдата и правдината, а тоа значи дека секогаш ќе стои на различна страна со СДСМ. Аболицираниот претседател на СДСМ и актуелен претседател на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, зборува за режим и заробена држава во време кога тој самиот е на власт. Без срам излегува пред граѓаните и ги убедува дека во време кога тој владее, рекетирањата се случуваат поради опозицијата. Тотален апсурд и манипулација од политичка партија која е на власт без победа на избори. Неселективна правда во време додека владее Зоран Заев и СДСМ, нема да има се додека СЈО се распаѓа поради корумпираност, поради тоа што сопственици на медиуми со обвинителите рекетираат и собираат пари од граѓаните и се додека наместо да се расчистуваат судските случаи се брои време за да ја подзаборави народот штетата, се дополнува во соопштението на партијата.

Нивната долго најавувана правда веќе три години се претвора во спротивност. Сведоци сме на нарачани судски пресуди, процеси и рекети, велат оттаму.

Од партијата бараат итно проширување на истрагата за случајот Рекет, не само кон извршителите, туку и кон нарачателите и помагачите, кон СЈО, кон сите функционери во СДСМ и кон сите вклучени во тој случај.

Следете a1on на Youtube YouTube

„ВМРО-ДПМНЕ се залага за независно обвинителство кое ќе работи согласно законот и ќе го гони криминалот, без досегашните привилегии кои ги дозволува СДСМ. Независното обвинителство мора да се базира на принципите на владеењето на правото и меѓународните конвенции за човекови права.

На СДСМ не му одговараат заложбите на ВМРО-ДПМНЕ поради тоа што судството во нивните раце е одличен механизам за контрола и политички прогон, како што многупати досега се покажа и докажа. Зоран Заев сака да ја опструира правдата на долг рок, да ја заштити мафијата и криминалот и да си обезбеди неказнивост преку креирање на неуставни и нефункционални решенија. Тој ја штити и Катица Јанева поради информациите кои таа ги поседува против него, но мила му е и државничката функција од која може да врши безмилосна кражба на Република Македонија.

Овој народ не заборава кој го крадел, а не заборава ни кој градел. Слушаат празни флоскули од партијата на власт, а нема државна или јавна институција во Македонија која работи и напредува во корист на граѓаните. Здравството е пред колапс, економијата е во минус, граѓаните се иселуваат од државата, а во Судот го управува Заев. Тоа не се заборава, ниту простува. Што побргу Заев замине од владата, толку побргу ќе почне да се работи на обнова на Македонија и надоместување на украденото и загубеното време.“, наведува ВМРО-ДПМНЕ во соопштението.

dpmne

Би можело да ве интересира

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Катерина Ѓуровски22/06/2026 - 11:45

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски22/06/2026 - 09:30

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Катерина Ѓуровски27/05/2026 - 12:50

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски25/05/2026 - 12:5925/05/2026 - 12:59

Стојаноски: СДСМ избега од дебата затоа што нема аргументи против финансискиот пакет

Катерина Ѓуровски21/05/2026 - 12:15

Манасиевски: Не постои барање од Бугарија кое уценетиот Филипче нема да го исполни за да дојде на власт

Катерина Ѓуровски17/05/2026 - 10:57
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто