„Охридско лето“ денеска слави 59 успешни години

Од:

Со концерт на врвните гитаристи Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ, на Античкиот театар вечерва „Охридско лето“ го прославува својот 59-ти роденден испишувајќи уште една успешна година во богатата фестивалска историја.

Фестивалот „Охридско лето“ официјално својот почеток го бележи со концерт одржан на 4 август во далечната 1961 година, со настапот на оперската певица Ана Липша Тофовиќ. Од година во година „Охридско лето“ се развива по нагорна линија, прераснувајќи во манифестација која претставува пример како треба да се негува и одржува еден фестивал.

„Охридско лето“ се одржува секоја година од 12 јули до 20 август а од 1994 година е редовен член на Европската асоцијација на фестивалите.

Денес, Фестивалот „Охридско лето“ претставува големо достоинство и исклучителна културна придобивка за Охрид и Република Северна Македонија. Манифестација која ја има поддршката од страна на Владата на РМ преку Ресорното министерство за култура, Претседателот на државата кој воедно е и Покровител на Фестивалот а исто така и значајната поддршка од стопанството преку одделни фирми и претпријатија кои финансиски го помагаат фестивалот.

Би можело да ве интересира

Француска вечер 17 години присутна на „Охридско лето“

На „Охридско лето“ промоција на книгите „Радио“ и „Неправилен ритам“ од Љупчо Јолевски

На „Охридско лето“ вечерва симфонискиот оркестар од Црна Гора и нашата пијанистка Нина Костова

Предраг Петровиќ

Отворено 64. издание на фестивалот „Охридско лето“

„Охридско лето“ на годинешното Генерално собрание на Европската фестивалска асоцијација

(Видео) Џафери наполни 62 години – На тортата напишано „ Среќен роденден премиере“