Дескоска: Не е пристигнато барање за екстрадиција на Морина

Од:

До Министерството за правда не е пристигнато барање за екстрадиција на поранешниот припадник на ОВК Томор Морина. Штом ќе пристигне, веднаш ќе биде препратено на судовите кои ќе треба да одлучат по тоа барање, изјави денеска министерката за правда Рената Дескоска.

Одговарајќи на новинарско прашање, министерката за правда ја објасни процедурата. Според нашиот закон, барањето за екстрадиција треба да стигне до Министерството за правда, а потоа тоа се препраќа до судовите што одлучуваат.

– Досегашната постапка одеше по потерница на Интерпол, МВР врши запирање на лицето кое сакало да премине граница и потоа се води судската постапката. Ние како Министерство имавме досега единствено надлежност да ги известиме преку МНР амбасадите чијшто државјанин е лицето. Тој е државјанин на две држави, има британско државјанство и косовско државјанство. Ние согласно тие процедури веќе пративме известување до амбасадите коишто се во нашата држава, рече Дескоска.

Томор Морина беше уапсен минатата недела на граничниот премин Блаце, по потерница издадена од седиштето на Интерпол во Лион.

Српските медиуми објавија дека Министерството за правда на Србија ќе побара од надлежните институции на Северна Македонија, екстрадиција на Морина. Властите во Приштина, пак, сметаат тој треба да биде ослободен и да се врати на Косово.

Би можело да ве интересира

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Македонците се послаби од европјаните – во ЕУ 16,3% од луѓето се дебели, во Македонија 15,4 %

Горан Наумовски

Муцунски: Стоиме со Украина, таа е суверена држава

Предраг Петровиќ

Мицкоски: „Јас ви гарантирам – за три години Македонија ќе биде уште подобро место за живеење“

Почина универзитетскиот професор и дипломат Јован Донев

Пожарот во Лакавичкиот регион се движи во насоки кон викендици и планината Серта