ВИДЕО: ДПА нема да го бојкотира Парламентот

Од:

ДПА денеска во партиското седиште во Тетово одржува вонредна седница на Централното претседателство на која ќе се разговара за вчерашните случувања. Претседателот на партијата Мендух Тачи пред почетокот на седницата најави дека пратениците на ДПА ќе се вратат во македонскиот Парламент.

Во однос на вчерашните случувања, Тачи ја обвини владејачката ДУИ дека игра валкани игри со македонските политички партии.

Тој апелираше до Албанците да не ја загубат довербата во политичкиот процес.

– Сите Албанци треба да бидат внатре во политичкиот процес и заедно да работиме ова разочарување да се претопи преку гласање на 24 март. Овие настани никому не му одговараат. Тоа не е игра и тие што си играат со тоа не се зрели за тоа колку е комплициран политичкиот живот во Македонија, рече Тачи.

Од ДПА најавија дека заклучоците од седницата на централното партиско претседателство ќе бидат испратени до медиумите по нејзиното завршување.

Би можело да ве интересира

ДПА го дефинираше учеството во коалицијата на ДУИ

ДПА избра ново претседателство

Горан Наумовски

Бектеши: Албанската опозиција не ја прифати средбата, нивната цел е да блокираат

Ана Ололовска

Синот на Мендух Тачи стана доктор на политички науки

Жарко Настоски

Тачи од Тетово: Дводомен парламент за да не биде ускратено ниту едно право на Албанците

А1он

Мендух Тачи: Македонците ќе бидат обврзани да прифатат дводомен парламент и не правам договор со ДУИ

А1он