Сеад Кочан иако требаше, се уште не се пријавил во Идризово

Од:

Бизнисменот Сеад Кочан по вчерашната одлука со која се одбива неговото барање и жалбата за одложување на затворската казна, не се појавил во затворот Идризово. Боби Мојсоски, директорот на КПУ Идризово, за А1он вели дека рокот за пријавување на Сеад Кочан истекол вчера на полноќ. Судијата за извршување на санкции утрово е известен од страна на управата на затворот дека Кочан не се појавил на издржување на казната.

Од овој момент судот ја презема целата постапка за негово пронаоѓање и спроведување во КПУ Идризово.

Од Кривичниот суд пак велат дека Кочан дури денеска го примил решението со кое се одбива одложувањето на затворската казна и во кое стои дека веднаш треба да се пријави во затворот Идризово. Доколку бизнисменот сам не се пријави во текот на денот, надлежниот судија за извршување на санкцијата треба да побара асистенција од полицијата за негово пронаоѓање.

Бизнисменот Сеад Кочан е осуден на 4,8 години затворска казна за добивање на незаконски тендер од 2011 година распишан од државната фирма „Електрани на Македонија“ (ЕЛЕМ) за ископување јаловина и јаглен од рудникот Суводол во Битола.

Првично Кочан на 17 јули требаше сам да се пријави во затвор, но издржувањето на казната беше одложено поради поднесеното барање за одложување на затворската казна.

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Антикорупциска: Како знае ОЈО дека Иницијативата е беспредметна кога уште не е доставена

Катерина Ѓуровски

Обвинителството и се налути на Антикорупциска заради „Труст“: Иницијативата е беспредметна и непотребна

Катерина Ѓуровски

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Ајро и Бубевски: Сите наводи во кривичната пријава од Државното правобранителство за предметот „Труст“ ги отфрламе како невистинити

А1он