Екипата на Милан со 3:0 синоќа во Милано го победи Лацио и го симна од третата позиција на табелата во Италијанскиот фудбалски шампионт.
Џиампаоло Пацини во 40. и 60. минута и Кевин-Принс Боатенг во 44.минута беа стрелци во победата на „росо-нерите“.
Во саботата, на другиот дерби дуел од 27.коло немаше победник. Наполи и Јувентус одиграа нерешено 1:1.
Другите натпревари од оваа рунда ќе бидат одиграни денеска. Двојките се: Торино – Палермо, Сиена – Аталанта, Болоња – Каљари, Фиорентина – Киево, Катанија – Интер, Сампдорија – Парма, Пескара – Удинезе, и Рома – Џенова.
Табела: Јувентус 59 бодови, Наполи 53, Милан 48, Лацио 47, Интер 44, Фиорентина 42, Катанија 42,…