На 76. Филмскиот фестивал во Венеција годинава ќе бидат прикажани повеќе филмови кои говорaт за положбата на жените.
Роберт де Ниро, Бред Пит, Кристен Стјуарт, Скарлет Јохансон, Катрин Денев и ќе бидат главни ѕвезди на годинешниот фестивал. Директорот на популарната „Мостра интернационале“, Алберто Барбера рече дека повеќето филмови се засновани и темелно и реалистично обработуваат вистински настани.
– Повеќето од 21 долгометражен филм што ќе се натпреваруваат за „Златниот лав“ се занимаваат со женските теми и откриваат нов сензибилитет, дури и кога ги снимале мажи, што докажува дека полемиките веќе сѐ повеќе оставаат печат на нашата култура, смета Барбера.
Годинешната 76. „Мостра“ почнува на 28 август со филмот „Вистина” на јапонскиот режисер Хироказу Коре-еда француските светски познати глумици Катрин Денев и Жулиет Бинош.
Режисерот Роман Полански ќе учствува во натпреварот со новиот филм „Офицер и шпион“. Фестивалот ќе трае до 7 септември.