Абас: Ги откажуваме сите договори со Израел

Од:

Палестинскиот претседател Махмуд Абас денеска изјави дека израелската акција за уривање на повеќе десетици палестински куќи во близина на Западниот брег, од пред неколку дена, претставува „етничко чистење“ и најави дека ќе ги преземе сите мерки за да ги прекине сите палестински договори со Израел.

По повеќегодишни правни процедури Израел пред три дена урна повеќе куќи во близина на Западниот брег, тврдејќи дека биле изградени пребрлиску до границата со Палестина, пренесоа американските медиуми.

По средбата со лидерите на Палестинската ослободителна организација во Рамала Абас соопшти дека ќе формира комитет чија задача ќе биде да ги прекине сите потпишани спогодби со Израел.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Израелската полиција уапсила две лица кои со своето возило налетале на тројца пешаци

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски