Навивачите на Наполи по завршување на синоќешното дерби од 27. коло во Серија А, го нападнаа автобусот во кој се наоѓаа гостинските фудбалери на Јувентус.
Кон атвобусот во кој се наоѓале фудбалерите на италијанскиот шампион полетале камења, ракети, јајца, а од таа канонада на предмети било скршено стаклото до седиштето на кое се наоѓал Асамоа. Интернационалецот од Гана останал неповреден, а истото се однесува и за другите фудбалери и членови на експедицијата на Јувентус.
Дуелот Наполи – Јувентус заврши нерешено 1:1, резултат кој му одговараше на гостинот од Торино поради шесте бода разлика на врвот на табелата во однос на синоќешниот противник.