ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да одговори колку просечни плати на воспитувачки завршија во рекетарскиот-политички-обвинителско-медиумски скандал

Од:

СДСМ се обидуваат со гол популизам да го покријат криминалот на нивната Влада предводена од Зоран Заев, но и рекетарскиот октопод кој е под директна заштита на власта, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Костадин Костадинов од СДСМ.

„Тие на граѓаните треба да им одговорат колку просечни плати на воспитувачки, негувателки и стручни соработници завршија во рекетарскиот-политички-обвинителско-медиумски скандал во кој вмешани се Катица Јанева, но и Коки, Зоки, Фрики, Кики, Шеки, Раки и слични ликови.

Јавноста знае дека милионите завршуваат во џебовите на ваквите ликови, а на граѓаните им се замачкуваат очи со прес конференции како оваа на Костадин Костадинов или изјави како на таа на Мила Царовска.“, се наведува во реакцијата на партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина