(ВИДЕО) Заев: И мене Вилма Русковска не ми се допаѓаше едно време

Од:

Премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање рече дека тој не ја назначил шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, на чело на новото Обвинителство, туку дека таа била моментално на таа позиција.

„И мене не ми се допаѓаше Вилма Русковска пред 5, 7, 9 години…“, рече Заев.

Премиерот рече дека во новиот предлог-закон не е запознат дека наместо истраги се користи зборот постапки, за кои би требало да одлучува судот. Заев кажа дека е сигурно оти зад предлог-законот нема ништо скриено.

Премиерот рече: „Првпат слушам за таква работа. Веројатно министерката за правда ќе ви каже што е. Нема таква намера да биде затскриена со игра на зборови“.

Тој повтори дека прифатиле најголем дел од предлоизите на ВМРО-ДПМНЕ за Законот за јавното обвинителство.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Владата ќе продолжи со поддршка на домашната економија

(ВИДЕО) До 1 јули новиот владин состав пред пратениците, најави Мицкоски

Левица: Владиниот Закон за судска служба е враќање на судството 20 години наназад

ВМРО-ДПМНЕ: Политиките на Владата даваат резултати

Горан Наумовски

Владата најостро го осудува вандалскиот чин на опожарување на возила со дипломатски статус во близина на Амбасадата на Бугарија

Горан Наумовски

Левица: Хронична некадарност на Владата – уште еден ценовен шок за граѓаните