Нотар алармирал дека станот на Василевски е продаден по ниска цена

Од:

За станот од 109 квадрати во скопски Карпош, што го купил екдиректорот на МЕПСО Сашо Василевски за 80 илјади евра од фирмата на осомничениот бизнисмен Томе Главчев, била известена и Управата за финансиско разузнавање, покажа дополнителното истражување на „А1 он“.

Според нашите сознанија, познат скопски нотар каде што бил заверен купопродажниот договор ја информирал Управата дека сумата за станот не кореспондира со пазарната цена на квадратен метар во тој дел од градот, но од таму не нашле ништо спорно.

Блажо Трендафилов, директорот на Управата за финансиско разузнавање, за „А1 он“ рече дека тоа се доверливи информации и дека не може да ги споделува во јавноста.

Првично фирмата на осомничениот Главчев, „Бентон“ го купила станот од бизнисменот Цветан Панделески, за сума од 113 илјади евра, за што бил платен и данок во Град Скопје од 258.831 денари. Но, потоа фирмата „Бентон“ станот му го продала на Василевски за 33 илјади евра помалку. На тоа бил платен данок од 231.396 денари.

Станот кој е лициран на атрактивна локација на улицата Орце Николов, бил продаден на 30 октомври 2018 година, односно 17 дена откако судијата Седат Реџепагиќ не му определи мерка притвор на осомничениот Томе Главчев, како што бараше СЈО, а станот што Василевски го купи од осомничената фирма СЈО не предложило да биде замрзнат.

Тоа го отвора прашањето дали има каква било поврзаност меѓу купопродажбата на станот и неопределувањето притвор на сопственикот на фирмата чијшто стан не бил замрзнат.

СЈО бараше притвор за Главчев бидејќи влијаел врз двајца осомничени во предистражната постапка за случајот „Поштенска банка“. Обвинителството пред судот оваа околност ја аргументирало со записници во кои било наведено дека сведоците дале различен исказ во СЈО при распитот во јануари и во мај 2018 година.

Тогаш самиот Главчев пред судијата на претходна постапка ветил дека нема да бега и дека редовно ќе се јавува на секоја судска покана.

„А1 он“ од извори во истрагата дознава дека Главчев бил повикан да даде исказ и во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција во истрагата за рекет.

Oд СЈО и денеска не одговорија на прашањата кои вчера утрото ги постави „А1 он“, поврзани со случајот, односно зошто станот кој бил во сопственост на фирмата чијшто сопственик е осомничениот Томе Главчев, не бил предложен до судот за да биде изречена забрана за отуѓување,  а потоа го купил ексдиректорот на МЕПСО.

Василевски за „А1 он“ вчера рече дека станот го купил на оглас и оти не знае дека фирмата била дел од истрагата во случaјот „Поштенска банка“, а цената била пониска, зашто градбата била стара.

(Продолжува…)

Би можело да ве интересира

Пандов: Јанева има право пак да побара да работи надвор од затворот, нека побара

Катица Јанева го загуби правото да работи надвор од затворот „Идризово“

Катерина Ѓуровски

Ниту измените во Кривичниот законик, ниту најавената амнестија не ја опфаќаат Катица Јанева

Пендаровски одби да ја помилува Катица Јанева

A1on

Врховен им ги потврди затворските казни на Катица Јанева и Бојан Јовановски за „Рекет“

Кристијан Ландов

Судењето за милионот одложено, сведоците не дојдоа, тужените бараа да се суди без нив

Ландов