Ексдиректорот на МЕПСО купил стан кој Катица Јанева не го замрзнала

Од:

Сашо Василевски, разрешениот генерален директор на МЕПСО, купил стан од фирма на осомничен во истрагата „Поштенска банка“, имот кој СЈО не побарало од судот да го замрзне.

Зградата во скопски Карпош каде што Василевски го купил станот

Од преписот во скопскиот катастар до кој дојде „А1 он“ и од дополнителната проверка во електронскиот систем може да се види дека станот од 109 квадрати и пет квадрати гаража, Василевски, кој важи за близок човек до специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, го купил на 30 октомври 2018 година по цена од 80 илјади евра.

Ова се случило само 17 дена откако СЈО ја отвори истрагата за предметот „Поштенска банка“, каде што осомничен бизнисмен е токму сопственикот на фирмата „Бентон“ ДООЕЛ експорт-импорт од Гевгелија, Томе Главчев, oд каде што е купен станот.

Извори од СЈО за „А1 он“ велат дека Катица Јанева кажала тој стан да не биде замрзнат, бидејќи наводно бил проблематичен. Сите решенија од СЈО се со потпис на Јанева.

Од скопскиот кривичен суд рекоа дека за овие прашања може да одговори само СЈО. Oд специјалното обвинителство одговор на прашањата не доставија.

Извод од катастарот во кој е заведен станот на Василевски

„А1 он“ дознава дека станот во скопски Карпош на улица Орце Николов, Василевски го купил со кредит од банка од 55 илјади евра, а останатите ги доплатил. Станот е ставен под хипотека, а банката ѝ ги уплатила парите на фирмата на Главчев.

Тоа значи дека еден квадрат од станот го купил за приближно 730 евра од квадратен метар, иако во овој дел од градот цените на становите надминуваат 1.000 евра од квадратен метар.

Од катастарскиот лист може да се види дека е впишана и хипотека на име на фирмата „Бентон“ ДООЕЛ од Гевгелија, за чија што продажба на станот, согласност дала и управителката на фирмата на Главчев, Наталија Чурлинова. Истиот стан претходно фирмата на Главчев го купила од осомничениот бизнисмен Цветан Панделески, сопственик на „Пелистерка“, но за сума од 113 илјади евра.

„А1 он“ провери во имотната состојба на Василевски во антикорупциската комисија. Тој лани во ноември пријавил дека купил стан кој вреди 80.000 евра, но не навел адреса и квадратура.

Анкетниот лист на Василевски

Сашо Василевски за „А1 он“ рече дека станот го нашол на оглас и дека градбата била стара и затоа сумата била пониска. Не знаел дека се планира станот да биде опфатен за замрзнување од СЈО.

„Сè ви е објавено, Тоа се јавни податоци. На оглас, како да го најдам? Стара градба е тоа, затоа е цената таква“.

Василевски е поранешен член на Советот на јавни обвинители, кога за шефица на СЈО беше избрана Катица Јанева.

Во истрагата за случајот „Поштенска банка“ беше замрзнат огромен имот, освен станот што го купил Василевски. Замрзнат беше имот на печатницата „Европа 92“ од Кочани, „Ноел“ од Гевгелија, „Ноел компани“, „Бентон“ од Гевгелија, „Туристико“ од Кочани.

(Продолжува…)

Би можело да ве интересира

Новата адвокатка на Катица Јанева, Ирена Фрчкоска, ќе прави увид во доказите на Обвинителството

Васко Маглешов

Кaтанец на вратата на „1 ТВ“

А1он

Извештајот за разрешувањето на Јанева ќе остане тајна

Васко Маглешов

Со ознака „доверливо“ извештајот за Катица Јанева нема да го види јавноста

А1он

СЈО нема да ѝ исплаќа пари за кирија и сметки на Катица Јанева

Васко Маглешов

Во „Рекет“ се истражува и станот кој Јанева не го замрзнала, а го купил Сашо Василевски

Васко Маглешов