Српскиот атлетичар Асмир Колашинац стана европски првак во сала во фрлање ѓуле кое се одржува во Гетеборг.
Со 20,62 метри го освои златото, уште еден балканец оствари одличен резултат, Хамза Алиќ од Босна заврши втор со 20,34, додека третото место му припадна на Чехот Ладислав Плашил со 20,29 метри.