Кинески клуб подготвен да го „позлати“ Бејл

Од:

Беижинг Гуан сака да го направи Герет Бејл најплатениот играч во историјата на кинескиот фудбал, нудејќи му излез од Реал Мадрид, тврди „Дејли Телеграф“.

Триесет годишниот фудбалер добил понуда од 24 милиони евра годишно нето.

Бејл не е сакан од тренерот Зинедин Зидан, кој вчера призна дека Шпанците барале начин да се разделат со велшкиот репрезентативец.

До разделба помеѓу Реал Мадрид и Бејл сигурно ќе дојде откако агентотна играчот, Џонатан Барнет го нападна Зидан отворено и ги опиша неговите зборови како „срамни“.

Од „Сантијаго Бернабеу“ сакаат околу 60 милиони евра за крилото, и ова е проблем за кинескиот клуб.

Би можело да ве интересира

Хрватскиот стручњак Бранко Иванковиќ стана нов селектор на кинеските фудбалери

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска