[staff name=”Јасна Атанасова” position=”Автор”][/staff]Во четвртото тримесечје од 2012-та година имало 1,23 проценти слободни работни места, извести Државниот завод за статистика.
Највисоката стапка на слободни места има во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација која изнесува 2,65 отсто, а најмалата стапка е во Дејности во врска со недвижен имот која изнесува 0,17 проценти.
Деловните субјекти кои имаат од 10 до 49 вработени имаат највисока стапка на слободни места која изнесува 1,45 отсто.
Најголем број слободни работни места од 992 има во секторот Работници во услужни дејности и продажба. Пелагонискиот регион има највисока стапка на слободни работни места која изнесува 2,22 проценти.