Се дели вода за граѓаните во граничниот простор кон Грција

Од:

Денеска на граничниот премин Богородица-Евзони има подолга колона за влез во Грција, на грчка страна, информира Министерството за внатрешни работи.

„Во делот на Република Северна Македонија нема застој и поминувањето на границата е без проблеми, но се создава застој на грчка страна.

На граѓаните кои чекаат за влез во Грција им се дели вода додека се во граничниот простор.“, велат од МВР.

Дел од возачите се излезени од своите возила, а останатите свират во знак на револт поради долгото чекање.

Од седум ленти за пропуштање на возилата низ граница, работат само три. Колоните се од едната до другата страна на границата, со што станува невозможно да се пропуштаат возила од македонска кон грчка страна.

Би можело да ве интересира

Германија воведува контроли на своите граници

Горан Наумовски

Ројтерс: Се намалува бројот на илегални преминувања на мексиканско-американската граница

Грција воведе жестоки сообраќајни казни: 1500 евра за пушење во возилото доколку во него има дете под 12 години

A1on

Двајца странци уапсени на граница – еден возел со фалс германска дозвола, а другиот со украдено возило

Анита Петровска Рајковиќ

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Заврши штрајкот на грчките цариници, од утрово нормализирано влегувањето во Грција