Македонската кошаркарска репрезентација е сместена во шестиот шешир, заедно со Унгарија, Босна и Херцеговина и Холандија во квалификациите за ЕП кое ќе се одигра во 2021 година, во Чешка, Грузија, Германија и во Италија и против овие репрезентации нема да игра во евроквалификацискиот циклус. Ждребот е закажан за во понеделник (22. јули) во Минхен.
Триесет и две репрезентации од Европа ќе се натпреваруваат на континенталното натпреварување, а првиот квалификациски прозорец е предвиден да се одигра во февруари 2020 година, вториот во ноември истата година, а последниот прозорец во февруари 2021 година.
Осум групи ќе бидат составени од по четири тимови, откако системот наметнува секоја репрезентација да одигра натпревар против сите противници во групата, на домашен и на гостински терен. Првите три тима од секоја група, со исклучок на организаторите, ќе се квалификуваат на ЕП 2021. Од групите каде ќе бидат сместени организаторите ќе се пласираат две репрезентации.