Апел на МД „Илинден“: Да му помогнеме на Алекс, да бидеме хумани

Од:

Македонското друштво „Илинден“ со седиште во Тирана упати апел до сите хумани луѓе да го помогнат лекувањето на петгодишниот Алекс Мазенкофски, по потекло од Мала Преспа.

– Сите хумани луѓе уште еднаш имаат можност да ја покажат својата хуманост на дело. Кој колку што може да донирa, да помогнеме за лекување на малиот Алекс со потекло од Преспа, Албанија, кому преку ноќ му се смени животот. Средствата може да се уплатат преку Гофундме на следниот линк https://www.gofundme.com/f66qz-10000. Молиме активно да се вклучите во акцијата за лекување на малиот Алекс, Вие, вашите пријатели, колеги и пријатели. На тој начин ќе ми дадеме поддршка на Алекс безгрижно да го мине детството и да ги оствари своите соништа, стои во апелот на друштвото.

Друштвото го пренесува и апелот на неговите родители, во кој се наведува дека на малиот Алекс неодамна му била дијагностицирана многу ретка болест наречена холестатом. Тоа е ткиво што расте во неговото лево уво и треба веднаш да се отстрани, бидејќи подоцна може да предизвика парализа на лицето.

По завршувањето на сите испитувања било утврдено дека со итна операција на оваа возраст успешно се лекува. Доколку семејството обезбеди средства детето може да се оперира на крајот од овој месец во болница во САД, каде што живее семејството.

За операцијата се потребни 47.000 а до сега се собрани околу 5.100 долари.

Би можело да ве интересира

Хуманитарниот велеслалом Маврово 2024 годинава за поддршка на лекувањето на младиот Леонид Индов

„Цепај сине“, купи книга и биди хуман: Ѕоф и „Арс Ламина“ во нова хуманитарна акција

Ацт Македонија со повик за приклучување во хуманитарната акција

Одржан вториот Ласер ран, донирани средства за лекување на малиот Леонид

Семејството на Кико донираше половина милион денари за респиратор малиот Стефан

Катерина Ѓуровски

Во сабота во спортската сала „Кале“ забава и кошарка во хуманитарни цели

Горан Наумовски