ВМРО-ДПМНЕ: Костадинов и Заев ќе може да говорат за правда и реформи само кога ќе седнат на обвинителна клупа

Од:

Костадин Костадинов наместо да држи бледи прес конференции нека одговори што има договарано на средбите со Боки 13? Дали има разговарано за рекет и колкав бил рекетот изнудуван од бизнисмени?, прашува ВМРО-ДПМНЕ, како реакција на прес-конференцијата на Костадин Костадинов од СДСМ.

„До вчера Костадин Костадинов исто како и неговиот шеф Зоран Заев му даваа кредибилитет на Бојан Јовановски за да изнудува рекет.

Костадин Костадинов и неговиот шеф Зоран Заев ќе може да говорат за правда и реформи само кога ќе седнат на обвинителна клупа.

Костадин Костадинов и неговиот шеф Зоран Заев најдобро што можат да направат е да распишат предвремени парламентарни избори, бидејќи нивниот крај доаѓа.

Кога ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде на власт, Костадин Костадинов, Зоран Заев и сите кои во моментов имаат заштита за сомнежите за криминал ќе одговараат пред законот.“, се наведува во реакцијата на партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина