Каран: Нема да играме на 0:0 против Пјуник

Од:

ренерот на Шкупи, Умит Каран на денешната прес-конференција по повод утрешниот реванш дуел од првото квалификациско коло на ЛЕ против Пјуник изјави дека посакува победа и пласман во следната рунда од второто по квалитет фудбалско натпреварување во Европа.

Првиот дуел на гостински терен заврши со нерешени 3:3 иако скопскиот тим имаше предност до 80-тата минута од 1:3.

– Вројатно никој не очекуваше таков резултат (3:3), но во фудбалот мора да веруваш во себе ако сакаш да оствариш нешто. Имавме шанси и за четврти гол на првиот меч, а потоа сфативме дека такви грешки не се простуваат во Европа. Имаме резултат со кој и 0:0 не носи во наредната рундаНо, ние нема да играме на 0:0 цели 90 минути, тоа е тешко. Ќе ја играме нашата игра и се надеваме за добар резултат, изјави попладнево Каран.

Тој изрази жалење за лошите настапи во Европа на македонските тимови, откако смета дека секој добар резултат носи подобрување на рејтингот на листата на УЕФА.

– Сите ние ја претставуваме Македонија и мора да играме подобро за да го промовираме фудбалот и да се избориме за подобар рејтинг, вели тој.

Дуелот меѓу Шкупи и Пјуник се игра утре од 20:45 часот на Арената „Тодор Проески“ во Скопје.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска