ВМРО-ДПМНЕ: Што договарал Костадинов на средбите со Боки 13?

Од:

Што договарал Костадин Костадинов на средбите што ги имал со Боки 13? Дали разговарале за рекет и колкав бил рекетот што се изнудувал од бизнисмените?, прашува ВМРО-ДПМНЕ, преку соопштение како реакција на прес-конференцијата на Костадин Костадинов од СДСМ.

„Дали за рекетот бил информиран неговиот шеф Зоран Заев и колкав процент се двоел?

Мора да одговараат и Костадин Костадинов и Зоран Заев и сите кои му обезбедуваат грб и му даваа кредибилитет на Бојан Јовановски за да изнудува пари цел изминат период.

Мора да одговараат сите криминалци од СДСМ кои ги злоупотребуваа институциите за лично богатење.

Костадин Костадинов и неговиот шеф аболицираниот криминалец Зоран Заев веќе немаат кредибилитет да говорат за правда. Костадин Костадинов и неговиот шеф аболицираниот криминалец Зоран Заев мора да одговараат пред законот.“, се наведува во реакцијата на партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина