Во фудбалскиот шампионат на Италија викендов на програмата се натпреварите од 27. коло во кое ќе се одиграат два дерби дуела.
Во Неапол кај второпласираниот Наполи вечерва од 20 часот и 45 минути гостува лидерот Јувентус во натпревар со кој ќе биде отворен 27-от круг. Со евентуална победа домаќините ќе и се доближат на „старата дама“ на само три бода, во спротивно Јувентус ќе биде поблиско до одбрана на титулата.
Утревечер во истиот термин (20:45) во Милано, четвртиот на табелата Милан ќе му биде домаќин на третопласираниот Лацио во обид да ја продолжи успешната резултатска серија и со евентуален триумф да се искачи на третото место.
Другите натпревари од оваа рунда ќе бидат одиграни в недела. Двојките се: Торино – Палермо, Сиена – Аталанта, Болоња – Каљари, Фиорентина – Киево, Катанија – Интер, Сампдорија – Парма, Пескара – Удинезе, и Рома – Џенова.
Табела: Јувентус 58 бодови, Наполи 52, Лацио 47, Милан 45, Интер 44, Фиорентина 42, Катанија 42,.