Напаѓачот на Милан, Стефан Ел Шарави ги отфрли сите сомнежи околу неговата иднина потпишувајќи нов договор со „росонерите“ до 2018 година.
По извонредните партии во оваа сезона на 20-годишниот фудбалер, Милан му понуди нова соработка, по што „Фараонот“ без размислување ја прифатил.
На официјалниот сајт на Милан е потврдено дека Ел Шарави потпишал нов договор со кој ќе остане на „Сан Сиро“ до 2018 година. Тој ќе добие и зголемување на платата, но не е објавено колку.
Ел Шарави во престојната сезона постигна 18 погодоци за Милан на 33 меча во сите натпреварувања.
Тој во Милан пристигна во 2011 година од Џенова и во оваа сезона е еден од најдобрите кај „росонерите“.