Вучиќ по извинувањето од Заев: Поздрав друже…јас не сум ниту американски, ниту руски човек

Од:

Српскиот претседател Александар Вучиќ, говорејќи синоќа на ТВ Пинк, меѓу повеќето теми, се осврна и на последата комуникација меѓу него и македонскиот премиер Зоран Заев, околу случајот со руските пранкери.

Како што наведе Вучиќ, Заев му се извинил откако медиумите го пренеле разговорот во кој македонскиот премиер кажал дека тој е руски човек.

-Тој ми испрати извинување, ми испрати порака. Јас кажав поздрав друже, што друго да му кажам, дали сум руски човек или не? Горд сум што сум Србин и што се борам само за Србија и добро е познато дека јас не сум ниту американски ниту руски човек, и тоа е тежината на мојата позиција и затоа мал број луѓе ме сакаат на власт во Србија, бидејќи јас сум човек на Србија и на нашите граѓани и на нашиот народ, рече Вучиќ.

Во врска со идејата за размена на територии на Косово, Вучиќ кажа дека „доколку некој му понудеше она за што Заев зборуваше, јас со двете раце тоа би го прифатил, но очигледно дека разговарал за тоа со некој кој малку знае за преговорите меѓу Белград и Приштина “.

Српскиот претседател денес во Белград го пречекува францускиот претседател Емануел Макрон, кој исто така, како и премиерот Зоран Заев, беше цел на руските пранкери.

Би можело да ве интересира

Африканската свинска чума пустоши во Србија: Уништени повеќе од 27.000 свињи

Вучиќ: Јас сум единствениот што не ја потпиша декларацијата на самитот Југоисточна Европа-Украина

Горан Наумовски

Вучиќ: Сите ќе влеземе во ЕУ, но тоа нема да биде наскоро

Ѕверски ја уби мајка си (69), па повика полиција

А1он

Во филмска акција во Нови Сад уапсен познат криминалец – десетпати и „побегна на смртта“

А1он

Силен земјотрес на југот на Србија