ВМРО-ДПМНЕ: За успешноста на Центар говорат делата

Од:

Колку и да не му е драго на Андреј Жерновски, факт е дека општина Центар е општина која е пример на многу други во Република Македонија, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на денешната изјава на лидерот на ЛДП, Андреј Жерновски.

За успешноста на Општина Центар, велат, говорат делата кои се имаат реализрано само од локалната самоуправа во овие изминати четири години.

За граѓаните на центар се изградени катни гаражи и нови паркинзи со цел да се намали недостатокот на слободни паркинг места. Реконструирани и обновени се 15-тина улици. Изградени се нови пешачки патеки и тротоари. Изградени се нови детски и спортски игралишта. Поставена е урбана опрема и холтикултурно се уредени голем број простори. И уште многу други проекти кои се во директен интерес на граѓаните и одговор на нивните барања. Жерновски иако во политиката е веќе 15 години, нема ниту еден проект со кој придонел за својата општина, а уште помалку за Македонија, се вели во реакцијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина