ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ упорно згрижува партиски војници

Од:

СДСМ се обидува да ја искористи последната шанса да ги вработи партиските послушници пред нивното заминување од власт, реагира ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ во врска со прес-конференцијата на Маја Славева.

„Никој не може да биде слеп и глув на колективните вработувања на роднините и пријателите на Кирацовски, вработувањето на сестрата на министерот за економија во МЕПСО, вработувањето на синот на пратеничката Мира Стојановска во ЕЛЕМ, како и мајката на пратеникот Костадин Костадинов, која си поднесе оставка, а да не го заборавиме и вработувањето на Стојанче Ангелов во М-НАВ.

СДСМ во времето кога делуваше како опозициска партија беше најгласна за наводно пренатрупаната администрација, а сега не престанува со вработувања токму таму.

На власта и гори под нозе, знае дека ја губи моќта и решава на овој начин да ги задоволи незадоволните партиски послушници додека не се распишат нови избори. За оваа цел ги менуваат систематизациите на институциите за да бидат прилагодени на профилите на изворно партиските луѓе.

Се покажа дека оваа расипничка власт досега се грижеше само за своите лични интереси и бизниси, но никако за доброто на државата. За само три години успеаја да ја сведат јавната администрација на најниско можно ниво кое не било запаметено во Македонија, за која и Европската Унија постојано дава негативни забелешки. Но, СДСМ не посветуваат внимание на тие забелешки, туку упорно ги згрижува партиски војници и послушници кои не знаат да ја работат работата која ја бара работното место.

Деновите за понатамошни грабежи на државниот буџет им се тенчат, свесни се за нивниот пропаст и паниката помеѓу нив е се поголема. Обвинувањата кон опозицијата за нивните тригодишни грешки се провидни, летаргични и нереални.“, се наведува во реакцијата на партијата.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски