ВМРО-ДПМНЕ: Здравството го тресат само скандали со сомнителни тендери

Од:

Здравството предводено од СДСМ континуирано тоне. Криминалните тендери се секојдневие додека граѓаните никако да ги добијат ветените услови од Владата, реагира ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ во врска со прес-конференцијата на Марија Андоновска.

„Здравството го тресат само скандали со сомнителни тендери од кои не се знае во чии џебови завршуваат огромните суми на средства за набавка на медицинска опрема.

После скандалозните и сомнителни тендери за реагенси и централизирани лаборатории, стерилизација, сега министерството за здравство се надмина со најновиот сомнителен и скандалозен тендер за набавка на мамографи.

Каде завршуваат парите од дупло поскапите мамографи и која фирма ќе го добие овој тендер? За ова треба одговор, граѓаните треба да знаат каде одат нивните пари.“, се наведува во реакцијата на партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина