ВМРО-ДПМНЕ: Дипломатскиот скандал мора да биде осуден од страна на сите политички субјекти во државата

Од:

СДСМ мора да престане да ги релативизира хавариите што ги направи и се уште ги прави Зоран Заев како на домашна, така и на меѓународна сцена, реагира ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ во врска со изјавата на Наум Стоилковски.

„Дипломатскиот скандал, кој е штетен за државата, мора да биде осуден од страна на сите политички субјекти во државата и Заев да понесе одговорност за срамот што и го нанесе на Македонија. Доколку е доблесен политичар во најмала рака да се извини на пријателска Украина и народот кој во телефонските разговори со комичарите го нарече несериозен и проблематичен.

Заев за кратко време од само две години, успеа Македонија да ја понижи на меѓународен план и да ја раскара со државите од регионот, па и подалеку како што е Украина.

Граѓаните на Република Македонија се уморни од несериозноста на Заев. Тие не заслужуваат премиер кој што, што и да направи каде и да се појави во јавност е проследен со скандали.

Заев итно треба да си поднесе оставка и по вонредни парламентарни избори, бидејќи ваквите комедијантски телефонски разговори може да ја нарушат довербата кај државите кои со години се партнери на Македонија, како и да ги доведат во прашање евроинтегративните процеси на државата.“, се наведува во реакцијата на партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина