ВМРО-ДПМНЕ: Докажаниот манипулатор и лажго Заев свесно и намерно изнел скратена и монтирана снимка

Од:

Зоран Заев мора кривично да одговара за поттикнување. Со објавената интегрална снимка се гледа дека докажаниот манипулатор и лажго Заев свесно и намерно изнел скратена и монтирана снимка со цел да ги доведе во заблуда граѓаните на Република Македонија во врска со убиството на Мартин Нешковски, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Костадин Ацевски од СДСМ, преку соопштение.

„Заради неговата измама и манипулација 40-тина полициски службеници беа сериозно повредени, десетици добија кривични прекршочни пријави, а беше причинета и огромна материјална штета во насилните протести кои следеа после лагите на Заев.

Време е обвинителството да почне да се меша во својата работа и да покрене постапка против Заев за поттикнување на кривично дело.

СДСМ треба да одговори каде е сега убиецот на Мартин Нешковски, Игор Спасов и дали заради неговата блискост со Заев и срдечниот поздрав во затворот истиот не ја издржува казната во затворот Идризово.“, се наведива во реакцијата на партијата.

Би можело да ве интересира

Панова: Стратегијата на претходната влада не донесе во ќорсокак со евроинтеграциите

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО