(ВИДЕО) Стоилковски: Заев го урна достоинството и угледот на државата и кон соседите и кон Европа и кон Украина

Од:

Срамот кој што Заев и го приреди на Македонија е меѓународен. Од позиција на премиер го урна достоинството и угледот на државата и кон соседите и кон Европа и кон Украина. Тој во разговорот со лажниот Порошенко крајно недипломатски, како на селска чешма, си дозволува како стрина да го озборува и исмејува некој што е актуелниот претседател на Украина, Владимир Зеленски. Зоран Заев си зема слобода, без да го познава, претседателот Зеленски да го нарекува несериозен “комплетен популист“, рече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес-конференција.

„Заев констатира „Знам знам, Комплетен популист, ништо повеќе и ништо помалку од тоа. Бидејќи добива поддршка од луѓе кои што се шегуваат, се смеат и не се сериозни. Но граѓаните не секогаш се внимателни за иднината на државата и понекогаш прават проблеми”.

Вмимавајте, Заев констатира дека граѓаните се несериозни и прават проблеми! Оваа констатација кажана во разговорот со двајцата комичари мислејќи дека разговара со Порошенко Заев само продолжува со она што претходно се сложува, а тоа е предочениот сталинизам за изборите и за тоа дека не е важно кој како гласа туку кој ги брои гласовите!

Пранкерите дури и му се откриваат во разговорот. „Ако биде тој Зеленски избран, кој понатаму би бил претседател, можеби руските комедијанти Вован и Лексус“? А Заев вели Не е шеега, пресериозно е! Пранкерите Да да пресериозно е прашањето.

Па почитувани, комедијантите дури во разговорот му се откриваат и Заев и тој продолжува ов негов стил! На нивната констатацијата дека Зеленски можеби не директно, туку преку неговите подржувачи добиваат пари од Русија, Заев повторно се согласува.

Да, тој очигледно е против тебе, и Русија очигледно е против тебе, и преземаат такви чекори.

Заев оди до таму па се согласува со соговорникот дека Зеленски според неговата логика дека е “платеник на Русија“.

Замислете Заев, човекот кој цела година разговараше со измислено другарче и во континуитет разговарал со комичари, се дрзнува да го нарекува несериозен претседателот на Украина Зеленски. Ќе се согласите, и од Заев да е, премногу е.

Украина е пријателска земја на Република Македонија, а Украинците се пријателски народ на македонскиот народ. За жал се уште не слушнавме Зоран Заев да се извини и на Зеленски и на Украинскиот народ за навредите кои што ги има упатено, а се меѓународно познати.

Ова е премногу сериозно за да се сфати како обична шега на која Зоран Заев наседнал. Ова е дипломатски скандал и за ова Зоран Заев мора да понесе одговорност.

Неговата неодговорност и несериозност и прави штета на Република Македонија. Тој мора да си поднесе оставка и што побрзо да следат предвремени парламентарни избори, бидејќи секој поминат ден на позицијата премиер штети на државата во целост.“, закличи Стоилковски.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски