А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Со овие криминалци на власт граѓаните живеат во се поголема беда

by А1он13/07/2019 - 15:1813/07/2019 - 15:20446
Share0

СДСМ наместо да се фрустрираат и да испраќаат нервозни соопштенија, подобро е да се обратат кај Зоран Заев да ги смири и да им подели од украденото. Се ближи крајот на криминалите и крадењето, па имаме разбирање за ваквите изливи на фрустрации, реагира ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

Следете a1on на Instagram Instagram

„Приказната за Али Баба и 40-те разбојници добива нова верзија во Македонија каде главен лик е токму Зоран Заев заедно со неговите криминалци од врхушката во власта.

Откако е Заев премиер граѓаните се повеќе осиромашуваат додека на неговото семејство им цветаат бизнисите со марихуана, камионите им возат за РЕК, ги имаат „Герас Цунев“, и „Цареви кули“, а исто така си го имаат и земјиштето од струмичката касарна кое го стекнаа на сомнителен начин.

Дополнително на тоа сведоци сме како останатите функционери околу Заев, секојдневно местат тендери, сами себе си доделуваат грантови и си ги вработуваат своите најблиски во државните институции за плати кои обичните граѓани само ги сонуваат.

Следете a1on на Youtube YouTube

Малку им беше тоа па затоа почнаа да ги рекетираат бизнисмените во Македонија, а на граѓаните им натоварија зголемени даноци, покачена акциза за горивата и поголеми трошоци за живот.

Со овие криминалци на власт граѓаните живеат во се поголема беда. На Република Македонија потребни и се промени кои единствено ќе се случат кога Заев и неговиот криминален картел ќе си заминат од власт.“, се наведува во реакцијата на партијата.

dpmne

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски19/10/2026 - 10:5019/10/2026 - 11:43

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски09/10/2026 - 14:41

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Катерина Ѓуровски30/09/2026 - 14:31

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Катерина Ѓуровски27/09/2026 - 12:04

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Катерина Ѓуровски14/09/2026 - 12:36

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Катерина Ѓуровски29/08/2026 - 12:08
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео