„Претседателот на Собранието, од прв и рамноправен со другите пратеници, прерасна во државна институција со огромна моќ, благодарение на лукавството во законот од 2009 година“, пишува во колумна за Утрински весник, професорот Светомир Шкариќ.
Превратот е извршен на камуфлиран начин, со лукавство опишано од Макијавели. Во Законот речиси нема ништо ново што не е веќе запишано во Уставот и во Деловникот на Собранието. Нова и клучна е само една одредба, онаа којашто деновиве пред Уставниот суд ја напаѓаат исфрлените новинари од собраниската ложа, со цел да ја поништат и од неа да не остане ни трага.
А сега нешто за клучната одредба, дело на извршната власт. Фамозниот член 43 од Законот му става на располагање на спикерот два ешалона сили за физичка интервенција во парламентарниот живот на Собранието, во простор кој може да дише само ако има слобода и ако неговите членови настапуваат со спротивставени погледи, пишува Шкариќ.
Мислењето на професорот Шкариќ, можете да ја прочитате овде.