Независна Шкотска ќе мора да бара прием во ЕУ

Од:

Евентуално независна Шкотска ќе мора да бара прием за членство и влез во ЕУ, како и сите други европски земји, затоа што би станувало збор за сосема нова независна држава, изјави за Би-Би-Си летонскиот министер за надворешни работи Едгарс Ринкевичс.

Летонија ќе го преземе претседавањето со ЕУ, набргу по одржаниот референдум во Шкотска за независност, закажен за октомври 2014 година. Доколку на референдумот мнозинството од гласачите се определат за отцепување, а независна Шкотска побара прием во ЕУ, токму Летонија ќе го има во надлежност решавањето на „шкотскиот случај“.

Министерот Ринкевичс уште смета дека „можеби и остатокот на Велика Британија не ќе може по автоматизам да го наследи членството во ЕУ, што го има сегашното Обединето Кралство“.

Според него, Европската комисија ќе мора детално и целосно да го истражи овој случај за да може да дојде до едно квалитетно правно решение, особено што станува збор за прв ваков случај на можно отцепување во една земја членка на ЕУ.

Сепаратистичка Шкотска национална партија (СНП) тврди дека доколку на референдумот победи опцијата за незавинсот, Владата во Единбург ќе преговара со Брисел само за континуитет во членството во ЕУ.

Владата во Лондон оценува дека независноста на Шкотска ќе создаде само една нова држава, а не две, мислејќи на остатокот од Велика Британија.

Засега пет земји од ЕУ сметаат дека Шкотска ќе мора да аплицира за членство како и сите другите аспиранти, а други пет дека е потребно детално право решение за случајот со Шкотска.

Мнозинството од ЕУ, во анкетата на Би-Би-Си, одбиваат да зборуваат за тоа. Претставник на германската Влада изјави дека случајот Шкотска е „внатрешно прашање“ на Велика Британија за кое другите не треба да се изјаснуваат.

Би можело да ве интересира

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on

ВИДЕО: 77 китови се насукаа и угинаа на брегот на Шкотска

Новиот шкотски премиер Џон Свини верува во независност за пет години

Горан Наумовски

Поранешната шкотска премиерка пуштена на слобода

Ана Ололовска

Уапсена поранешната шкотска премиерка

Ана Ололовска

Трансродов месар намами девојка во автомобил, ја злоставуваше 27 часа

Горан Наумовски