(ВИДЕО) Јанушев: Загрижени сме со кого се Заев има разговарано и кои се информации ги има изнесено

Од:

„Одговорност од Зоран Заев мора да има. Одговорност мора да има и од десетиците неспособни министри и советници со кои се има опкружено затоа што Зоран Заев го урива угледот и позициите на Република Македонија, а не на неговите семејни фирми.

Оправдувањето за скандалозното изнесување на државни тајни, информации од средби на високо ниво и прифаќањето да се исплати поткуп на вселенскиот патријарх покажува колку е всушност неспособен, криминоген и плиток и Заев и тимот околу него“, рече Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

„Доколку Заев бил цел на служби кои работат против западните вредности и НАТО неговото однесување покажува дека тој и владата немаат капацитет да бидат рамноправни партнери во Aлијансата и во телата и сојузите кон кои се стреми Република Македонија.

Замислете само што би се случило кога некои двајца вешти припадници на некоја терористичка организација би му се обратиле на Заев и би се претставиле како на пример политички аташеа. Заев и неговите советници со капацитетот кои што го немаат би ги издале и позициите и задачите на македонските војници кои учествуваат во мировните мисии како дел од глобалната алијанса.

Затоа неговото оправдување дека не било обична шега со еден неспособен и корумпиран премиер, туку политички мотивиран напад е уште пострашно и посериозно.

Токму затоа одговорност мора да има. Впрочем другите политичари кои биле цел на двајцата комичари само после неколку минути сфаќале дека од другата страна е некој што лажно се претставува. На Заев за тоа му требало цела една година.

Ова што вчера го видовме и слушнавме е срам и бламажа за Македонија. Еве и да се мотивите политички, цела година премиерот и владата да бидат предмет на обработка е скандалозно. Покажува дека Заев и целата таа група околу него навистина немаат капацитет.

После еден ваков скандал да тврдиш дека никој не е одговорен и да нема оставки е потценување и на граѓаните и на нашите меѓународни партнери.

Прашањето се поставува, кога Заев, неговиот министер за надворешни работи и неговите советници сфатиле дека тој комуницира со измислени карактери? Дали после последниот разговор во април Заев го побарал лажниот Порошенко? Дали ако не беа објавени скандалозните разговори Заев ќе ја продолжеше операцијата за поткуп на вселенскиот патријарх Вартоломеј и дали ќе продолжеше да оддава информации? Зошто не се почитувани дипломатските протоколи и не е известена нашата амбасада па од август минатата година никој не проверил дали Заев разговарал со вистинскиот Порошенко?

Навистина сме загрижени со кого се Заев има разговарано во меѓувреме и какви се доверливи имформации има изнесено. Загрижени сме дека службите ги немаат проверено сите разговори на Заев или пак кријат за пропустите кои ги прави.

Ова е тежок срам за Македонија во меѓународни рамки. Одговорноста има име и презиме. Тоа е Зоран Заев. Овој човек мора да замине заедно со неспособниот тим околу него. Република Македонија не смее да служи за потсмев. Го повикуваме Зоран Заев да се соочи со последиците од катастрофата што ја предизвика, да си даде оставка, да се формира техничка влада и да одиме на избори“, изјави Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Николовски за 100 дена Влада: Нула мерки и закочени субвенции

Катерина Ѓуровски

Лефков: ДЗР констатира Владата на СДС и ДУИ со авторски договори ангажирала лица кои не вршеле работа од тој тип, ниту имало потреба за тоа

Тренчевска: Платите се намалуваат, се враќа политиката на евтина работна сила

Катерина Ѓуровски

Лефков: Владата на СДС и ДУИ вршела исплати кон добавувачи за проекти без целосни информации дали средствата се искористени за намената која требало

Катерина Ѓуровски

Кој навредува, а кој не знае да чита – ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ продолжуваат со обвинувањата

Катерина Ѓуровски

Митева: Филипче, Заев и Ковачевски свесно ја втурнаа Македонија во црно сценарио, да биде оставена сама на Балканот и неинтегрирана