Променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Од:

Времето утре ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Доколку врнежите бидат интензивни, очекувана е појава на брзо истекување од горните кон долните сливни подрачја и локални плавења покрај помалите водотеци и суводолици.

Доколку се јават интензивни врнежи, во градските населби каде не се одржува редовно атмосферската канализација и на места каде олуците од покривните површини директно се вклучени во фекалните канализации, поради малиот капацитет на канализационите цевки предвидени само за фекални води, можна е појава на зачепување на одредени шахти и појава на поплавување на незаштитените подрумски простории, особено во објектите кои се во пониските делови од населбите.

Кај подвозниците, каде нема соодветно одводнување или пак тоа не се одржува редовно, можна е појава на заезерување. Доколку нема редовно одржување и чистење на одводните улични шахти можна е појава на заезерување и на одредени улични правци.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски