Екипата на Борусија Дортмунд нема да има шанси да го брани трофејот од Купот на Германија освоен минатата година, откако синоќа на „Алијанц Арена“ во Минхен загуби од Баерн и е елиминирана во четвртфиналната фаза.
Единствениот гол за домаќините вреден пласман во полуфиналето го постигна Арјен Робен во 43.минута.
Место помеѓу четирите најдобри екипи во ова натпреварување синоќа обезбеди и Штутгарт кој на домашен терен го совлада Бохум со 2:0.
Полуфиналисти во вторникот станаа Фрајбург по гостинската победа над Мајнц со 3:2 (по продолжение) и Волфсбург со победата на гости против Офенбах со 2:1.