Дојче телеком (Deutsche Telekom) минатата година имал загуба од 5,25 милијарди евра заради спојувањето на „T-Mobile USA“ со провајдерот „MetroPCS“, соопшти денеска германската компанија.
Фирмата во 2011 година оствари нето профит од 557 милиони евра, пренесоа американските медиуми.
Дојче телеком наведе дека ги заддржа дивидентите од 70 евроценти.
Компанијата, покрај загубата, остварила и успех во продажбата на „паметни“ телефони на домашниот пазар, додека во САД го забележала првиот раст на бројот на мобилни претплатници од 2009 година.
Вкупните приходи на Дојче телеком минатата година се смалени за 0,8 отсто, на 58,17 милијарди евра. Нето профитот во четвртиот квартал изнесуваше 793 милиони евра, во однос на загубата од 1,34 милијарди евра во истиот период од претходната година.