Берн Минхен вечерва на свој терен беше подобар од Борусија Дортмунд во рамките на четвртфиналето од германскиот Куп, славеа со 1:0
Првата шанса на натпреварот ја имаше Арјен Робен во 8-та минута, но сепак не успеа да постигне гол. Нова можност за Баерн пропушти Тони Крос во 14-та минута, а Дортмунд конечно се закани 23-та минута преку нивниот најдобар играч, Роберт Левандовски.
Повторно шанса за домаќините имаше Хави Мартинез во 37-та минута, а мразот го скрши Робен во 43-та минута кога постигна одличен погодок.
Во продолжението први се заканија гостите преку Гундоган, меѓутоа тој беше непрецизен, а исто така и Марко Ројс пропушти одлична прилика за израмнување на резултатот.
До крајот и двете екипи се заканија по еднаш преку Ван Бујтен односно Гундоган, но резултатот остана непроменет.
Со тоа Баерн се пласираше во полуфиналето од германскиот Куп.